САНЧО веќе некое време е отпишан во Манчестер Јунајтед. Ерик тен Хаг не смета на англискиот крилен напаѓач, па веќе со месеци е во потрага по нов клуб.
Се чини дека успеа да најде средина каде што би можел да се обиде да си ја спаси кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за Борусија Дортмунд, клубот од кој дојде во Јунајтед.
Јунајтед тогаш и плати на Борусија дури 85 милиони евра, но никогаш не добија ништо од Санчо за да ја оправдаат таа зделка.
Сега Јунајтед има око на уште еден играч на Борусија, па го гледаат Санчо како начин да добијат шанса да ја заврши работата што е можно полесно.
Станува збор за холандскиот напаѓач Дониел Мален, човекот кој БВБ го донесе од ПСВ за 30 милиони евра обештетување.
Сега Билд пишува дека „спектакуларна размена во која Мален и Санчо би ги смениле клубовите“ е на повидок за јануарскиот преоден рок.