Веста дека Роберт Левандовски и официјално побарал да биде ставен на трансфер листата алармираше повеќе клубови ширум Европа, а скоро секојдневно напаѓачот се поврзува со различни клубови.
Од друга страна Баерн жестоко порачува дека еден од најдобрите голгетери во Европа ќе остане во Минхен, сепак од промената на агентот, па до последните случувања јасно е дека заминувањето е неминовно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради таквата ситуација Баерн мора да се помири со продажбата на Левандовски. Денес новинарот на „Билд“ кој важи за добро упатен со случувањата во Баерн открива дека од табаротот на Баерн одредиле цена за полскиот напаѓач – 200 милиони евра!
Информацијата беше подобро објаснеста: Агентот на Левандвоски, Пини Захави може веднаш да ја спушти слушалката доколку некој клуб не ја понуди одредената сума.