Дома Фудбал Останато Бизарно објаснување: Во Белорусија се игра фудбал затоа што ако се плашиш од корона, не си машко!

Бизарно објаснување: Во Белорусија се игра фудбал затоа што ако се плашиш од корона, не си машко!

Белорусија е една од ретките земји во светот и единствена во Европа каде што се игра фудбал во ек на пандемијата со коронавирусот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поголемиот дел од јавноста се чуди и не му е јасно зошто кога сите паузираат Белорусите се упорни и играат и тоа пред публика. Црногорскиот репрезентативец Огњен Роловиќ кој го носи дресот на Минск објасни зошто таму се игра фудбал.

Малку е да се каже дека неговата изјава е зачудувачка и бизарна.

„Навистина е глупаво што само ние играме. Тука коронавирусот го сметаат за секојдневна појава и кажуваат дека не треба да се плашиме. Најчест одговор кој ќе го слушнете е „ти не си машко, ако се плашиш од корона. Во ваква ситуација е навистина тешко да се игра. Констатно помислувате дали има некој заразен од тие против кои играте, а од дрга страна не можете да кажете „не играм“. И не сте само вие тука е вашето семејство, се плашите нив да не им однесете нешто. Верувам дека 90% од фудбалерите ќе ви го кажат истото. Ако се прашуваме ние (фудбалерите) не би играле“, објасни Роловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…