Дома Фудбал Германија Бизарните мерки во Бундеслигата: Голови ќе се слават само допири на лактовите и стапалата, нема придружба, нема фотографирање…

Бизарните мерки во Бундеслигата: Голови ќе се слават само допири на лактовите и стапалата, нема придружба, нема фотографирање…

Бундеслигата ќе биде продолжена на 16. мај нормално натпреварите ќе се играат пред празни трибини, а на сила ќе бидат и строги мерки за да се избегне опасноста од ширење на коронавирусот.

Германски „Билд“ сега објави дека некои од правилата се навистина бизарни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, постигнувањето гол ќе може да се слави само допири на лактите и стапалата. Сликата од германските терени ќе биде поинаква од онаа каква што гледавме на терените пред да се појави Ковид-19.

Фудбалерите нема да излегуваат на теренот истовремено и нема да имаат деца за придружба, нема да го има ниту стандардното ракување и фотографирање пред почетокот. На резервната клупа помеѓу секој играч ќе мора да има едно празно место.

Понатаму, на тренерот ќе му биде дозволено да ја тргне маската кога дава упатства, но во тој случај ќе мора да биде одалечен најмалку метар ипол од најблискиот до него. Во соблекувалната тимот ќе поминува најмногу 30-40 минути.

Правилата звучат чудно останува да видиме како ќе се покажат во пркаса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Човекот кој во Челзи помина 27 години доживотно суспендиран од фудбалот

Тренерот кој 27 години помина во Челзи на различни позиции, Гвин Вилијамс никогаш повеќе н…