Тренерот на Лидс, Марсело Биелса има пофалби за македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Биелса, во разговор за англиските медиуми ја пофали играта на Алиоски против Бирмингем но и таа во дресот на Македонија против Полска.
„Имаше многу енергија, се бранеше многу, но исто и напаѓаше многу. Добро ги поврзуваше дефанзивата и офанзивата. Одигра одличен меч и против Полска, му требаше долго време за да одигра така. Во саботата ги повтори одлични перформанси, се надевам дека ќе продолжи така“, изјави Биелса.
Лидс го победи Бирмингем со 1-0, а Алиоски беше во стартниот тим покрај тоа што пропушти десетдневни тренинзи со тимот поради репрезентативните обврски.