Не е тајна дека Жозе Мурињо е фан на играта на Герет Бејл. Мурињо Бејл сакаше да го донесе и во Реал Мадрид (клубот тоа го направи откако замина), а се обиде да го доведе и во Манчестер Јунајтед.
Од вчера актуелна е веста дека Тотенхем преговара со Реал да го врати Бејл во своите редови. На денешната прес-конференција Мурињо не сакаше премногу да зборува на таа тема.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Бејл во овој момент е играч на Реал Мадрид и не сакам да зборувам за играчи на други клубови. Не е моја работа да преговарам и да зборувам со агенти, затоа не можам ништо да ви кажам“.
Потоа Жозе беше прашан дали сака да го има во тимот.
„Не зборувам и за хипотетчки таботи. Како што кажав тој е играч на Реал и тоа треба да се почитува“.
„Кога бев во Реал се обидов да го доведам, меѓутоа тогаш тоа беше невозможно. Сепак, претседателот го следеше моето мислење и го купи откако заминав. Не е тајна дека имам високо мислење за него и Герет тоа го знае“, изјави Мурињо.