Англиските медиуми пренесуваат дека Герет Бејл е незадоволен во Тотенхем и сака да се врати во Реал Мадрид.
Бејл е незадоволен од минутажата што ја добива од Жозе Мурињо и смета дека погрешил што ова лето се врати во Тотенхем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Очигледно е дека тој не е во преден план кај Мурињо, а Бејл смета дека подобро би било да биде резерва во Реал Мадрид отколку во Тотенхем.
31-годишниот Велшанец во моментов има статус на позајмен фудбалер и не ја отфрла можноста да се врати во Реал Мадрид. Тој има договор до 2022 година со „кралевите“ и на лето сигурно ќе се врати во Мадрид.
Денес Тотенхем му гостува на Ливерпул, а се очекува Бејл повторно да биде на клупата за резерви.