Англиските медиуми пренесуваат дека Герет Бејл е незадоволен во Тотенхем и сака да се врати во Реал Мадрид.
Бејл е незадоволен од минутажата што ја добива од Жозе Мурињо и смета дека погрешил што ова лето се врати во Тотенхем.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Очигледно е дека тој не е во преден план кај Мурињо, а Бејл смета дека подобро би било да биде резерва во Реал Мадрид отколку во Тотенхем.
31-годишниот Велшанец во моментов има статус на позајмен фудбалер и не ја отфрла можноста да се врати во Реал Мадрид. Тој има договор до 2022 година со „кралевите“ и на лето голема е веројатноста да се врати во Мадрид.
Реал стравува од такво сценарио и е спремен да му понуди на Тотенхем уште една година позајмица или спогодбено раскинување на договорот.