Велшкиот репрезентативец Герет Бејл пред една недела и официјално се врати во редовите на Тотенхем.
Бејл се врати во Тотенхем после времето поминато во Реал Мадрид. Сигурно дека Бејл имаше убави моменти во Мадрид меѓутоа во последно време констатно беше мета на критики од навивачите и јавноста.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега во интервју за „Скај Спорт“ Бејл порача дека не жали што заминал од Реал.
„После се што се случи не жалам за ништо. Сите лоши работи што ми беа кажани или направени нека им служат на чест на оние кои се виновни за тоа. За мене најважно е да бидам чист пред себе и пред семејството. Она што ќе го мислат останатите не ме интересира“.
„Поубаво ќе беше првиот натпревар за Тотенхем да го играв пред навивачите затоа што забележав дека тие се среќни што се вратив, но сега таква е ситуацијата и не можеме ништо да направиме“, изјави Бејл.