Шкендија вчера го елиминираше Ботошани и така обезбеди место во третото квалификациско коло од Лигата Европа каде што ќе игра против големиот Тотенхем.
Овие денови (за ден – два) Тотенхем би требало да го комплетира и да ги заврши сите формалности околу враќањето на Герет Бејл во клубот после седум години. Натпревар против Тотенхем секако е голема работа, а тој би можел да биде уште поважен затоа што многу е веројатно дека Бејл второто деби за Тотенхем ќе го има токму во Скопје против Шкендија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Покрај него во Скопје би требало да се појави и левиот бек Серхио Регулион. Најголема штета е што овој натпревар ќе се игра без публика па македонската спортска јавност нема да има можност во живо да ги види големи ѕвезди на англискиот гигант.