Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл не сака да слушне за останување на „Сантиаго Бернабеу“ после завршувањето на сезоната, пренесува „АС“.
Весникот тврди дека Велшанецот е огорчен и донел конечна одлука дека ова ќе биде неговата последна сезона во дресот на Реал Мадрид,
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Бејл кажа доста“ е насловот на насловната страна на „АС“. Исклучувањето од тимот за мечот со Бриж во ЛШ ја прелеало чашата. Велшанецот бил изнервиран поради таквата одлука, па го нарушул редот и пристигнал на „Сантиаго Бернабеу“ неколку минути после почетокот на мечот.
Бејл не се чувствува важен дел од тимот, смета дека Зидан го „минира“, а во исто време не ја чувствува поткрепата од страна на клубот.
Ова лето Бејл беше ставен на трансфер листа, но самиот не сакаше да замине. Сепак, следното лето сигурно ќе побара трансфер и е решен да го напушти Реал Мадрид.