Двата гола во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул го примораа Флорентино Перез добро да размисли околу иднината на Герет Бејл, посебно доколку
Кристиано остане на својот став и ја реализира изјавата дадена по финалето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Одредени островски медуми отворено го доведуваа во врска со Арсенал.
„Навивач сум на Арсенал и би сакал тоа да се случи, но шансите да јас да стапнам на месечина се поголеми отколку Бејл да премине во Арсенал“, изјави „Скај“ агентот на Бејл, Џонатан Барнет.
Но, дури и да не беа оние два гола, Бејл има едноставно премногу опции за да го избере Арсенал. После головите во финалето од Лигата на шампионите не вреди да се зборува за такво нешто.
„Ќе разговараме со Реал и ќе видиме. Бејл не е задоволен од минатата сезона. Сака да игра повеќе и тоа е најважно. Мислам дека Герет е помеѓу тројцата-четворица најдобри играчи во овој момент и едноставно мора да игра. Парите не се доведуваат во прашање“, додаде агентот на фудбалерот.