Повозрасните љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на Обафеми Мартинс, голгетерот од Нигерија ќе остане запаметен како еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња.
Најдобрите денови Мартинс ги помина во редовите на Интер каде што постигна 49 гола на 136 натпревари, а големо внимание привлекуваше и со прославата на головите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во неговата кариера се појавија и соменвање за датумот на неговото раѓање. Покрај Интер тој играше уште за: Њукасл, Волфсбург, Рубин, Бирмингем, Леванте, Сиетл, Шангај и Вухан.
Кариерата ја заврши во 2021 година кога се врати во Лагос каде што започна свој бизнис. Прво лансираше своја линија на облека со лого на кое го имаше неговото препознатливо салто. Потоа влезе и во угостителството отворајќи ноќен клуб во Нигерија кој брзо стана хит. Исто така има неколку недвижнини и хотел.
Како фудбалер во кариерата успеа да заработи околу 30 милиони евра, додека во бизнисот медиумите пренесуваат дека остварил и пет пати поголема заработка.