Дома Фудбал Останато Беше голема надеж за Англија, а сега не е добар ниту за Бешикташ

Беше голема надеж за Англија, а сега не е добар ниту за Бешикташ

Поранешниот репрезентативец на Англија, Деле Али, некогаш беше голема надеж на англискиот фудбал, но откако кариерата му тргна во надолна линија никако не успева да се врати на старите патеки.

Откако го загуби местото во Тотенхем играше во Евертон, а кога не се избори за место и на „Гудисон Парк“, Бешикташ беше следната дестинација. Во Турција беше пречекан со голема еуфорија и навивачите очекуваа многу од него.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, Деле Али не ги исполни очекувањата ниту во турскиот клуб, а според последните информации повеќе нема да настапува за овој тим.

Имено, тренерот на Бешикташ, Сењол Гуњеш го известил 26-годишниот фудбалер дека следните натпревари до крајот на сезоната ќе ги гледа од трибините.

Во Бешикташ тој е на позајмица, а потоа ќе се врати во Евертон, но јасно е дека нема иднина ниту во редовите на „карамелите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…