Дома Македонски спорт Бесниот Винисиус му се заканил на Димитриевски: Ќе те чекам надвор!

Бесниот Винисиус му се заканил на Димитриевски: Ќе те чекам надвор!

Maкедонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски вчера беше најзаслужен што неговиот Рајо остана непоразен на гостувањето кај Реал Мадрид.

Димитриевски имаше неколку одлични одбрани со кои ги фрустрираше фудбалерите на „кралевите“. Посебно жесток вербален дуел со Димитриевски имаше Винисиус Жуниор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


При обид да спаси една топка, Димитриевски излезе надвор со неа, а Бразилецот му ја бараше, додека Димитриевски падна на тревата. Фудбалерите на Реал мислеа дека симулира некаков контакт, но Димитриевски по мечот изјави дека само ја свиткал ногата.

Во тие моменти добил закани од Винисиус.

„Не се случи ништо посебно, вакви работи се нормални. Се обиде да дојде до топката јас паднав и го свиткав зглобот. Винисиус ми кажа: “Ќе те чекам надвор“, но уште не сме се виделе. Ако навистина ме чека ќе го прегрнам, ова е само фудбал и не треба да има ништо лошо меѓу нас“, изјави Димитриевски по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пред две години играше во втора лига, а вчера беше херој на својот тим во полуфинале од ЛШ

Борусија Дортмунд вчера го победи Пари Сен Жермен во првиот натпревар од двомечот во полуф…