Дома Фудбал Бесниот Белингем шутираше се пред себе

Бесниот Белингем шутираше се пред себе

Репрезентацијата на Шпанија по четврти пат во својата историја стана шампион на Европа. Шпанците во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин ја победија Англија со 2:1.

Стрелци за „Црвената Фурија“ беа Нико Вилијамс во 47. минута и Микел Ојарзабал во 87. минута. За Англија погоди Кол Палмер во 73. Минута.

Поразот донесе големо разочарување кај Англичаните кои изгубија второ финале во низа откако пред три години ги победи и Италија.

Бесот од поразот не го криеше и Џуд Белингем, еден од најдобрите фудбалери во светот во овој момент и можеби најголем фаворит за освојување на „Златната топка“. Белингем по натпреварот беше забележан како ги шутира шишињата со вода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Договор до 2032, а агентот го испитува пазарот: Што се случува со Гравенберх?

Според непотврдено тврдење на Икс, агентот на Рајан Гравенберх контактирал со европски клу…