Дома Останати Тенис Скандал во режија на Серена: Кршеше рекети, беснееше, плачеше и го навредуваше судијата! (видео)

Скандал во режија на Серена: Кршеше рекети, беснееше, плачеше и го навредуваше судијата! (видео)

serena

Наоми Осака направи големо изненадување и во финалето на УС Опен ја совлада домашната тенисерка и фаворитка во овој меч, Серена Вилијамс (6:2, 6:4).

Серена во овој меч направи вистински хаос поради двете опомени казнетиот поен кој го доби во третиот гејм од вториот сет.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Вилијамс, Муратоглу од трибините ја советуваше да биде нешто повеќе агресивна, веќе во следниот поен судија ја санкционираше и тоа ја разулти славната тенисрка.

„Не се служев со валкани трикови. Имам дете кое го учам да биде чесно, не направи ништо спротивно правилата. Никогаш не ми се случило вакво нешто“, му се обрати тенисерката на судијата.

Тогаш Серена успеа да стигне до брејк и водство од 3:1, но Јапонката и возврати во следниот сет кога Серена го изгуби својот сервис по што скрши ректетот. Ова значеше и втора опоена, а воедно и загубен поен поради што американската тенисерка повторно влезе во расправа со судијата.

„Ми украде мој поен. Ти си лажго и крадец, ми доложиш извинување. Ќе се потрудам никогаш повеќе да не судиш на моите натпревари“, беа дел од зборовите на Вилијамс кон судијата.

Протестот донесе и трета опомена, а тоа значеше загубен гејм! Потоа Серена побара да разговара со супервизорот на турнирот и доби таква можност, плачеше и објаснуваше како судијата ја ограбил. Сепак, тоа не и помогна и набрзо беше поразена.

Таквата реакција на домашната миленичка придонесе за негативна енергија кај публиката која со свирежи го испрати доделувањето на трофејот на Осака. Тогаш Американкта како да сакаше да се оправда, па ја прегрна Јапонката и побара да аплауз за неа.

На крајот и нејзиниот тренер призна дека и давал инструкции и така всушнсот ја оправда одлуката на судијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бројките не лажат: Ова е уште еден доказ зошто Новак е најдобриот на сите времиња

Се повеќе се оние кои тврдат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, а за…