Дома Трансфер зона Бернардо Силва е само почеток, вака ќе изгледа тимот од соништата на Сити!

Бернардо Силва е само почеток, вака ќе изгледа тимот од соништата на Сити!

Како ќе  се вклопи Португалецот, кои засилувања се уште мета на Гвардиола?

После првиот голем трансфер ова лето, многумина се прашуваат како Бернардо Силва ќе се вклопи во Манчестер Сити. Следуваа коментари дека ќе им бидат потребни три топки и дека со Де Брујн и Давид Силва, практично Гвардиола ги дуплира играчите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа, една анализа која се појави во англиските медиуми, наведува дека Рахим Стерлинг паднал во немилост на Шпанецот и дека го изгубил местото во тимот.

После Бернардо Силва, Пеп има намера да ги засилува бековските позиции и веќе има решенија наводнп ќе плати 50 милиони за Кајл Вокер од Тотенхем и уште толку за Менди од Монако.

Тие двајца би требало да бидат прв избор во новата сезона, после заминувањето на Забалета, Сања и Клиши, додека Коларов ќе остане да се бори за место во тимот.

Некои поголеми продажби не би требало да има, се пишуваше дека Агуеро и Габриел Хесус ќе ја делат минутажата, а јасно е дека Гвардиола ќе се обиде да доведе голман и дефанзивец, бидејќи не може во целост да се потпре на Винстен Компани кој има проблеми со повредите. Логично решение е Леонардо Бонучи од Јувентус за кого веројатно би требале да платат околу 50 милиони евра па и повеќе, за голманската позиција мета е Џиџи Донарума од Милан.

Тоа е тешка мисија,  па за сега Браво останува прва опција, иако разочара во својата прва сезона, се споменува и Облак, но изгледа дека во овој момент најблиску до голманската позиција на Манчестер Сити е голманот на Бенфика, Едерсон Мораеш.

Така практично би се затворил преодниот рок за англискиот клуб, што значи дека за само пет фудбалери, „Граѓаните“ би можеле да потрошат повеќе од 200 милиони фунти.

Да потсетиме, останува Фернандињо, тука е и Јаја Туре, а Гвардиола спреми и уште неколку играчи од младинскиот состав за во првиот тим.

Според тоа иако е далеку од реализација составот на Сити би можел да изгледа вака:

Едерсон

Вокер, Бонучи(Компани), Стоунс, Менди

Гундоган (Фернандињо)

Бернардо Силва, Де Брујн, Давид Силва, Сане

Агуеро (Габриел Хесус)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…