Дома Топ вести Бернабеу е “тренинг центар“ на Барселона, а статистиката тоа најдобро го покажува

Бернабеу е “тренинг центар“ на Барселона, а статистиката тоа најдобро го покажува

Барселона во саботата во едно од најголемите дерби натпревари на светот во гости го победи Реал Мадрид со 1:0 и за Каталонците ова беше втора победа во само три дена на Сантијаго Бернабеу.

Каталонскиот тим во средата славеше на Бернабеу со 3:0 во реванш натпреварот од Кралскиот куп, а со насмевка стадионот на Реал Мадрид го напуштија и после три дена. Барса во рамките на Ла Лига беше подобра со 1:0 и така ја продолжи доминацијата над Кралевите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За прв пат после 87 години Барселона има повеќе победи во Ел Класико што е навистина големо достигнување со оглед на тоа колку беа во негатива пред десетина години. Барселона има сега 96 победи, додека Реал остана на една победа помалку.

Сепак, на сите им е јасно дека доминацијата на Барселона во Ел Класико започна оној ден кога се појави Лео Меси. Посебно тоа важи за Сантијаго Бернабеу за кој многумина навивачи на Барселона обожаваат да кажат дека тоа е тренинг центар на нивната екипа.

Колкав придонес има Лео Меси во овие натпревари најдобро покажува статистиката. Пред неговото доаѓање во Барселона, овој тим на Бернабеу од 75 наптревари победил само на 14. До сега Меси одиграл 22 натпревари во Мадрид, а Барселона славеше дури 12 пати во изминатите 14 години.

Неверојатно звучи и тоа дека Барса на Сантијаго Бернабеу во претходните 18 натпревари победила на дури 11, додека Реал успеал да запише четири победи, а три натпревари завршиле нерешено.

Се започна во 2009. година кога Барса ги понижи Кралевите и победи со 6:2, а од тогаш започна доминацијата на Сантијаго Бернабеу, што секако создава дополнителна болка на секој навивач на овој тим.

Треба да се напомене дека Меси против својот најголем ривал постигна 26 погодоци што е најмногу во историјата на Ел Класико.

Барселона е на добар пат да ја одбрани двојната круна во Шпанија бидејќи се први на табелата со седум бода повеќе од Атлетико и 12 во однос на Реал. Исто така, играат и финале во Кралскиот куп, каде ќе ги одмерат силите со Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…