Дома Фудбал Италија Берлускони призна: Го сакал Ибрахимовиќ и една голема легенда на Милан!

Берлускони призна: Го сакал Ибрахимовиќ и една голема легенда на Милан!

Претседателот и сопственик на Монца Силвио Берлускони откри дека бил во преговори со Златан Ибрахимовиќ и Рикардо Кака.

Златан Ибрахимовиќ во зимскиот преоден рок го промени клубот, а Берлускони тврди дека тој бил еден од неговите трансфер цели. Ист бил случајот и со Бразилецот Кака кој се повлече од фудбалот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ибрахимовиќ беше наша цел, Кака исто така. Некои не фудбалски работи ни застанаа на патот и моравме да се откажеме, но никогаш не се знае…“, изјави Берлускони кој е сопственик на Монца од септември 2018 година.

Монца инаку после 20 години успеа да се врати во Серија Б. Берлускони најави дека следна цел на клубот е да го доведе Даниеле Малдини.

„Се надеваме дека ќе се докаже како талентиран фудбалер“, додаде Берлускони.

Даниеле Малдини има 18 годни, секако станува збор за синот на Паоло Малдини кој во овој момент е во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се појави изненадувачки фаворит за клупата на Баерн Минхен

Aктуелниот селектор на репрезентацијата на Австрија, Ралф Рагник изненадувачки е новиот фа…