Дома Фудбал Италија Берлускони: Во Серија А тимовите имаат по 11 странци, ниту имињата не можат да им се изговрат

Берлускони: Во Серија А тимовите имаат по 11 странци, ниту имињата не можат да им се изговрат

berlusconi

Поранешниот сопственик на Милан, контроверзниот Силвио Берлускони се врати во италијанскиот фудбал со купувањето на третолигашот Монца.

Во Монца за своја десна рака веднаш го постави, Адријано Галијани човекот со кој долги години соработуваше во таборот на „росонерите“ и тоа во една од најуспешните ери во историјата на Милан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Некои сега зборуваат дека моите компании имаат пари на странски сметки и дека тие пари се вратени во Италија со продажбата на Милан. Моите компании никогаш нема средства на странски сметки. Само будали можат да тврдат поинаку“, изјави Берлускони за медиумите, па продолжи:

„Дали ми недостасува Милан? По малку, но сега ја имам Монца и сакам да направам екипа за примера. Екипа која ќе биде составена од италијански играчи, млади момци без бради, тетоважи и обетки“.

„Сакам да имам играчи кои ќе му се извинат на противникот кога ќе направат прекршок, кои емоционално разговараат со судиите и делат автограми во секое време…Ваквата моја одлука е реакција на Серија А каде што некои тимови имаат по 11 странци на теренот и нивните имиња не можат ниту да се изговорат, тие не се пример за никого“, порача пранешниот италијански премиер и сопственик на Милан.

Овие зборови на Берлускони беа само потврда на она што го најави кога неодамна стана прв човек на третолигашот и тогаш јасно стави до знаење дека сака да изгради еден тим кој ќе биде поразличен од сите и кои ќе ги покажува вистинските вредности на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …