Фудбалерите на Македонскиот шампион за два дена ги очекува реваншот од плеј-офот во Лигата на Европа против турскиот гигант Фенербахче.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вардар во првиот натпревар запиша голема победа од 2:0, а стрелецот на првиот од натпреварот во Скопје, Тигран Берсегјан верува во поволен резултат за нашиот претставник.
„Постигнавме одличен резултат во Скопје, но никако не смееме да размислуваме како веќе да сме пласирани во Лигата на Европа, пред себе имаме голем тим каков што е Фенербахче. Пред нас е историска шанса за резултат кој вечно ќе се памети, мораме да дадеме се од себе. Сметам покажавме дека сме незгоден противник за секого. Се радувам на резлтатот и голот од првиот натпревар, но овој момент не се важни моите голови, туку успехот на Вардар“, изјави Бергесјан.
Во продолжение да се потсетиме на голот на Бергесјан во Скопје.