Бугарскиот фудбалер Димитар Бербатов неодамна објави крај на кариерата и од тогаш почесто се огласува во медиумите.
Бербатов сега зборуваше за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот напаѓач отворено порача дека на овој Јунајтед со ваква игра не би му помогнале ниту Меси и Роналдо.
„Тешко е да се работи на трансфер пазарот, така е дури и кога имате пари. Јунајтед покажува дека не може да стигне до резултатите кои ги посакува. Колку и лошо да звучи имам впечаток дека на овој Јунајтед не би му помогнале ниту Меси и Роналдо бидејќи тимот нема никаква игра“.
Сепак потоа и го одбрани Солскјер.
„Натпреварот против Њукасл можеби беше најслаб на Јунајтед во последните неколку години. Заслужија да изгубат, не направија ништо и не покажаа квалитет. Како што кажав многу пати до сега, сакам да останам позитивен и да го поддржам тренерот кој е во тешка ситуација“, изјави Бербатов.