Дома Фудбал Англија Бербатов: Какви Халанд и Манџукиќ!? На Јунајтед му треба само еден напаѓач!

Бербатов: Какви Халанд и Манџукиќ!? На Јунајтед му треба само еден напаѓач!

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов смета дека на Јунајтед не му се потребни нови напаѓач, освен еден.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последно време англиските медиуми често шпекулираат дека Манчестер Јунајтед се обидува да доведе некој од Манџукиќ и Халанд, но Бербатов смета дека овие двајца не му се потрени на клубот од „Олд Трафорд“.

„Мислам дека на Јунајтед не му е потребен нов напаѓач. Маркус Рашфорд е се подобар, а ме интересира како ќе напредуваа Марсијал и младиот Мејсон Гринвуд. Јунајтед има доволно талент во нападот, а доведување на играчи како Халанд или Манџукиќ може да внесе немир во соблекувалната, кај некои играчи може да дојде обесхрабрување. Единствено вистинско решение за Јунајтед би бил Хари Кејн. Но, тој трансфер не изгледа реално, па така друго не треба да се менува“, изјави Бербатов за англиските медиуми.ќ

Покрај играчите од нападот, Јунајтед се поврзува уште со Саул Нигез и Калид Кулибали. Останува да видиме дали некој од овие трансфери ќе се реализираат во јануарскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мaреска за 100 милиони евра го доведува “чудото од дете”!

Манчестер Сити е блиску до реализација на голем трансфер и доведување на еден од најталент…