Дома Фудбал Останато Бербатов избра тројца играчи кои можат да бидат наследници на Меси и Ронадло

Бербатов избра тројца играчи кои можат да бидат наследници на Меси и Ронадло

Легендарниот бугарски фудбалер, Димитар Бербатов зборуваше за неговите поранешни соиграчи од Манчестер Јунајтед.

Бербатов испрати пофалби за Роналдо, но и ги избра играчите кои според него ќе доминираат по пензионирањето на Меси и Роналдо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Роналдо? Во петок изминуваат две години од кога мојот поранешен соиграч потпиша за Јувентус. Никој не може да каже дека Кристиано не беше одличен во Италија, посебно ако се земат во предвид неговите години. Има 35 години и најголем дел од играчите паѓаат ниво подолу во овие години, тоа што го прави е неверојатно“.

„Меси и Роналдо мораме да ги цениме затоа што кога ќе биде готово – готово е. Тие се повеќе од посебни. Кога ќе си замине Роналдо тоа сигурно ќе биде еден од најтажните денови за фудбалот. Дури и оние кои не го сакаат ќе го ценат. Тој ден ќе дојде, а на нас останува да се надеваме дека не е блиску“.

„Кога тие ќе заменат ќе дојдат други, како што се случи и со Пеле и Марадона, животот е круг“.

Потоа Бербатов доби прашање кои би можеле да бидат играчите кои можат да ги наследат.

„Според мене тоа се Нејмар, Мбапе и Мејсон Гринвуд“, одговори бугарскиот ас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …