Дома Трансфер зона Бенфика не се шегува: За половина година Феликс добива 25 пати поголема плата!

Бенфика не се шегува: За половина година Феликс добива 25 пати поголема плата!

Бенфика не се шегува кога вели дека Жоа Феликс не е на продажба!

Од Лисабон пристигнува повеќе од јасна порака за сите заинтересирани клубови кои ја сакаат новата ѕвезда на европскиот фудбал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите од сите водечки португалски медиуми. Бемфика договорила продолжување на соработката со Феликс и наскоро ќе биде ставен потпис нов договор.

Иако, младиот Португалец во ноември потпиша нов договор до 2023 година со откупна клазула во висина од 120 милиони евра и зголема плата од 100.000 евра на 800.000 евра годишно работите од тогаш се променија.

Во вториот дел од сезоната Феликс експлодираше и стана еден од најбараните играчи во Европа. Ливерпул уште во јануари беше спремен за него да плати 70 милиони евра, но Бенфика одби и добро постапи бидејќи од тогаш цената на Феликс дополнително порасна.

Интересот за Феликс беше огромен, го сакаа Јувентус, Пари Сен Жермен, двата манчестерски клуба, а ниту Реал Мадрид не беше имун на фантастичните настапи на овој фудбалер.

Меѓутоа Бенфика нема да попушти. Претседателот на клубот од Лисабон, Луис Фелипе Виера постигна договор со агентот на Феликс, Мендеш. Според тој договор Феликс ќе добие зголемување на платата на 2.5 милион евра годишно. Тоа е скок од 25 пати за само една година.

Што повеќе Феликс ќе стане втор најплатен играч на Бенфика покрај Жонас кој добива 3.5 милиони евра, зад Феликс ќе биде Рафа Силва со 2.3 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…