Дома Фудбал Бенфика ги демантира најавите дека влегува во Суперлигата

Бенфика ги демантира најавите дека влегува во Суперлигата

Португалски рекорд објави дека Бенфика го променила почетниот став и сега има намера да се придружи на новоформираната Суперлига.

Меѓутоа „Орлите“ брзо ги демантираа таквите најави и порачаа дека си стојат на почетното размислување.
Бенфика очигледно нема да го промени ставот, па така ќе остане покрај Порто и Спортинг кои исто така не сакаат да бидат дел од оваа лига.

Ќе потсетиме, денес беше објавено дека Перез преговара со Наполи. Наполи првенствено бил виден како некој клуб од тие пет кои би се менувале, меѓутоа во ваква ситуација би можел да влезе во 15-те кои ќе бидат основачи.

Засега официјален став од тимот на нашиот Елмас нема. Од Италија учеството го потврдија Милан, Интер и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети бара силна „деветка“: Јувентус го разгледува Скамака за јануари

Напаѓачот на Аталанта е меѓу кандидатите за засилување на Јувентус, а Спалети добро го поз…