Првенството на Англија се ближи кон крајот, а неизвесноста во врвот е се поголема и изгледа дека не чека драматичен расплет.
Манчестер Сити и Ливерпул ќе водат жестока борба за првото место до самиот крај. „Црвените“ имаат два бода повеќе пред крајот, но Сити има натпревар помалку и секако има се во своите раце.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа факт е дека тој натпревар веќе во среда против Манчестер Јунајтед на кого бодови му се неопходни за пласман во Лигата на шампионите би можел да биде одлучувачки. Во Ливерпул се наведуваат дека нивниот голем ривал овој пат би можел да им помогне.
Исто така „црвените“ се фокусираат и на своите натпревари иако немаат толку тежок распоред. Ќе играат против Хадерсфилд во петок навечер, потоа против Њукасл на гости и на крајот им доаѓа Вулверхемптон.
Со исклучок на Хадерсфилд кој е веќе отпаднат преостанатите два натпревари не се толку лесни за Ливерпул, посебно не гостувањето кај Њукасл.
Интересно е што Њукасл го води поранешниот тренер на Ливерпул, Рафа Бенитез кој е свесен каков непријател би можел да стане за „Енфилд“.
„Ќе биде тоа тежок натпревар, посебно за мене. Ако победиме сите ќе кажат дека сум го предал Ливерпул, ако изгубиме тогаш другите ќе зборуваат дека сум им попуштил да победат. Значи како и да е, нема да се зборува добро за мене. Она што јас го знам е дека ќе направиме се за да одиграме колку што е можно подобро“, изјави Бенитез.