Дома Фудбал Италија Бенитез повторно атрактивен во Италија: Се подготвува ли кам бек во Серија А?!

Бенитез повторно атрактивен во Италија: Се подготвува ли кам бек во Серија А?!

Тренерот на Наполи, Маурисио Сари, на крајот од оваа сезона најверојатно ќе го напушти клубот, а веќе се шпекулира кој би можел да биде неговата замена.

Сари веќе три години е на клупата на Наполи, но веќе се чини дојде време за разделба. Италијанските медиуми веќе шпекулираат дека претседателот, Аурелио Де Лаутентис веќе тргна во акција, и дека најголема желба му е на клупата на Наполи да се врати Рафа Бенитез.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот стратег, пред неколку години успешно го предводеше Наполи, но во 2015. година одлучи да замине во Реал Мадрид. Во кралскиот клуб не се задржа долго, а сега е на клупата на Њукасл.

Како што пишуваат медиумите на Апенините, Де Лаурентис веќе го контактирал Бенитез и му понуди работа во Наполи. Бенитез не ја одбил оваа можност, но исто така не сакаше ниту да потврди дека ќе го напушти Њукасл на крајот од оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…