Како што пренесува „Скај Спорт“ искусниот стручњак би можел да го напушти Њукасл.
Рафа Бенитез оваа сезона ги освои срцата на навивачите на Њукасл.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанецот го превзема клубот во тешка ситуација, се наоѓаа пред испаѓање од Премиер лигата и не успеа да ги задржи помеѓу најдобрите. Но, место да го напушти бродот кој тоне,
Бенитез остана на „Сент Џејмс Парк“ со цел да го врати Њукасл помеѓу најдобрите.
Тоа и му успеа и тоа на најдобар можен начин го осовои Чемпиошип и уште тогаш стана омилен помеѓу навивачите.
Сега успеа и да ги задржи во Премиер лигата и покрај несогласувањата кои ги имаше со управата, но изгледа дојде време за разделба.
Според информациите на „Скај“ Бенитез е главен кандидат да го наследи Дејвид Мојс на клупата на Вест Хем.
Бенитез пред неколку дена изјави дека би сакал да остане во Њукасл, го одби и Наполи со објаснување дека сака да остане во Премиер лигата, но по отказот на Мојс во Вест Хем според „Скај“ ситуацијата се променила.