Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти нема да може да смета на Карим Бензема за гостувањето кај Осасуна утре, пренесува „Марка“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францускиот напаѓач се повреди и го пропушти Светското првенство, но во јануари се врати и одигра неколку натпревари и пак се повреди.
Големите грижи во Реал Мадрид се поврзани дали Бензема ќе биде спремен за мечот со Ливерпул во Лигата на шампиони следната недела.
Добрата вест е што Тибо Куртоа и Винисиус ги обновија тренинзите и ќе бидат спремни за утрешниот меч.