Еден од најважните играчи на „кралевите“ минатата сезона без дилеми беше францускиот напаѓач Карим Бензема кој игра во фантастична форма.
34-годишниот Французин го однесе Реал до европскиот трон и ја доби „Златната топка“ за најдобар играч оваа година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неговиот договор со „кралевите“ истекува на крајот на сезоната, но Реал веќе спреми нов договор за голгетерот.
Најавите од Шпанија се дека Реал сака да го задржи Бензема најмалку до 2024 година и двете страни се блиску до договор.
Во Реал се надеваат дека наскоро ќе бидат договорени сите детали и Бензема ќе стави потпис на договорот.