Ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема не верува во информациите дека тренерот Зинедин Зидан ќе се раздели со клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми се категорични дека Зидан во наредните денови ќе си замине од „Сантиаго Бернабеу“.
Меѓутоа, Бензема е сигурен дека Зидан ќе остане на кормилото на „кралевите“ и следната сезона.
„Не гледам како може да си замине. Зидан нема да оди никаде, ќе видите. Не можам да го замислам Реал без него“, изјави Бензема.
„Зизу секогаш бил директен и чесен со мене. Го респектирам многу, бидејќи ми даде голема самодоверба“.