Дома Трансфер зона Бензема доби понуда – јасна е неговата иднина!

Бензема доби понуда – јасна е неговата иднина!

Иако долго време се шпекулираше со неговата иднина, шпанските медиуми тврдат дека Карим Бензема сигурно останува во Реал Мадрид.

Имено, Французинот доби понуда од Реал да го продолжи актуелбиот договор за уште две години, односно до 2021 година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Весникот „АС“ кој е добро запознат со случувањата во Реал, објави дека Бензема ќе го продолжи договорот до 2021 година и ќе добие зголемување на платата од еден милион евра, односно ќе заработува девет милиони евра годишно.

Бензема во Реал е веќе осум години, има постигнато 173 погодоци, а доколку го одработи новиот договор до крај ќе има 33 година.

Францускиот напаѓач наводно имал понуди од Англија и од ПСЖ, но негов приоритет е останување на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…