Карим Бензема се уште нема потпишано нов договор со Реал Мадрид и следниот месец ќе биде слободен агент.
Во меѓувреме Французинот доби „бомбастична“ понуда од Саудиска Арабија и сериозно размислува да го напушти Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Познатиот Релево тврди дека неименуван клуб од Саудиска Арабија на Бензема му нуди дури 200 милиони евра за две сезони, односно до летото 2025 година.
Покрај тоа, Бензема би добил дополнителни бонуси за авторски права, додека неговите деца би имале соодветно образование, идентично како во Мадрид и дека условите за живот се повеќе од совршени.
Ова може да биде проблем за Реал бидејќи сака да го задржи напаѓачот, а тој пак сериозно размислува да ја прифати понудата од Саудиска Арабија, потврди „Марка“.
🚨🌕| JUST IN: Real Madrid suspect that Karim Benzema is valuing a Saudi offer & thinking about LEAVING the club.
— Madrid Zone (@theMadridZone) May 29, 2023
Offer from Saudi Arabia — €200m for two seasons + image rights, advertising, creation of schools for children. @relevo 🇫🇷 pic.twitter.com/AzvvUUMRM6