Францускиот напаѓач Карим Бензема беше ѕвезда нам инатиот преоден рок во Саудиска Арабија, меѓутоа во текот на сезоната се соочува со сериозни проблеми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бензема не игра во посакуваната форма, влезе во расправија со навивачите, а се караше и со тренерот Еспирито Санто кој поради него беше отпуштен.
По расправијата со тренерот Бензема, влезе во конфликт со навивачите кои жестоко го критикуваа на социјалните мрежи. Таквата ситуација придонесе Французинот да го избрише неговиот Инстаграм профил.
Со овој потег Бензема веројатно сака да не губи енергија во читањето негативни коментари за себе и истата да ја насочи кон подобри настапи на теренот.