Францускиот напаѓач, Карим Бензема вечерва ќе одбележи значаен јубилеј во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговиот Реал гостува кај ПСЖ во рамки на реванш мечот во осминафиналето во ЛШ, а Бензема на тој меч ќе го одбележи 100. настап во ова натпреварување.
Пред него, само двајца Французи успеаа да забележат барем 100 настапи во ЛШ, а тоа беа Тиери Анри и Патрис Евра. Анри забележа 112 дуели во ЛШ, а Евра четири помалку.
Карим во досегашните 99 настапи постигна дури 53 погодоци во најелитното европско фудбалско натпреварување, а пред него се само Руд Ван Нистелрој, Раул Гонзалес, Лео Меси и Кристијано Роналдо.