Tимот на Беневенто минатата сезона беше вистински хит не само в Серија А туку и во останатите европски лиги бидејќи од поодамна не се појавил толку мал клуб кој собрал толку многу симпатии.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рекордна низа на порази, десетина натпревари изгубени во судиското продолжение, гол на нивниот голман против Милан за 2:2 во последните секунди…Сето тоа се работи по кои ќе го паметиме овој клуб кој од оваа сезона повторно е второлигаш.
Вчера Беневенто го играше својот прв натпревар од Серија Б, противник им беше Лече кој до 70 минута имаше предност од 3:0. Меѓутоа Беневенто не се предаваше, прво Волта погоди за 1:3, за во 81 минути Ричи да го доведе својот тим на само еден гол заостанување.
Се играше 87 минута кога беше досуден пенал за Беневенто, а сигурен реализатор за 3:3 беше Кода.