Дома Фудбал Италија Беневенто изедначи неславен рекорд на Манчестер Јунајтед!

Беневенто изедначи неславен рекорд на Манчестер Јунајтед!

benevento

Во првата италијанска лигаа оваа сезона игра тимот кој го има најлошиот старт во најсилните пет лиги уште од 1931 година.

Погодувате, станува збор за тимот на Беневенто, тим кој во викендот кој е зад нас на полувремето имаше предност од 0:1 против актуелниот италијански шампион Јувентус, сепак на крајот беа поразени со 2:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, овој клуб кој доаѓа од југот на Италија оваа сезона ги руши сите негативни рекорди. Во Италија пред Беневенто најлошиот старт го имаше тимот на Венеција кој во далечната 1950 години имаа низа од девет порази во низа.

Фудбалерите на италијанскиот клуб успеаа да го изедначат рекордот за најлош старт во најсилните пет европски лиги, оној на Манчестер Јунајтед од 1931 година.

Во 12 порази оваа сезона тие примија 31 погодок, а успеаа да постигнат само пет погодоци

Во следното коло играат против Сасуоло и нема да биде чудно доколку ја продолжат оваа црна серија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…