Андреа Белоти е еден од најдобрите италијански напаѓачи, а на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Торино.
Белоти влегува во последната година од договорот со „биковите“ и нема намера да го продолжи, а на маса веќе има две понуди.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Првата е од клубот за кој не крие дека навивал во детството, Милан. „Росонерите“ сметаат дека Белоти ќе биде одличен наследник на Ибрахимовиќ и долгорочно решение за нападот.
Втората понуда е од Рома, која во Белоти гледа идеален наследник на Џеко. „Волчицата“ веќе го контактирала агентот на италијанскиот напаѓач и ја презентирала својата понуда.
Белоти сега се наоѓа пред значаен избор, бидејќи на маса има две понуди, па треба да избира помеѓу Рим и Милано.