Андреа Белоти е еден од најдобрите италијански напаѓачи, а на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Торино.
Белоти влегува во последната година од договорот со „биковите“ и нема намера да го продолжи, а на маса веќе има три понуди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првата е од клубот за кој не крие дека навивал во детството, Милан. „Росонерите“ сметаат дека Белоти ќе биде одличен наследник на Ибрахимовиќ и долгорочно решение за нападот.
Другите две понуди доаѓаат од Премиер лигата, а станува збор за Челзи и Тотенхем.
Лондонските клубови се во потрага по квалитетен напаѓач и веќе доставиле понуда до агентот на Италијанецот.
📰 @MatteoPedrosi: #ACMilan, Chelsea and Spurs among teams battling for Torino star – the latesthttps://t.co/ph8jyP6Pv3 #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) April 2, 2021