Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, поради суспензија на „Местаља“ ќе ги пропушти следните два натпревари.
Како што е познато, англискиот репрезентативец постигна гол во последните секунди од натпреварот, но судијата Хил Манзано веќе досуди крај на натпреварот и голот не признат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Белингем ги загуби нервите пцуеше и дивееше по Манзано, како и сите играчи на Реал, а тој и Антонио Ридигер добија црвен картон.
Како што беше најавено, поради дивјачко однесување и навреди, Белингем ќе ги прескокне следните два натпревари против Селта и Осасуна.
Сепак, тоа не би требало да биде проблем за Реал Мадрид, кој има осум бода предност пред Барселона и седум пред Џирона.