Дома Фудбал Белингем во Реал се израмни со Шукер. Пред нив остана само Роналдо

Белингем во Реал се израмни со Шукер. Пред нив остана само Роналдо

ЏУД БЕЛИНГЕМ игра чудесна сезона за Реал Мадрид откако ова лето пристигна во Шпанија од Борусија Дортмунд за сума од 103 милиони евра.

Белингем на првите 18 натпревари за кралскиот клуб постигна дури 16 гола и со тоа целосно ја воодушеви публиката во Мадрид, но и ширум светот пред малите екрани.

Пред Белингем само еден играч имаше ваков ефект. На Давор Шукер му беа потребни исто толку натпревари како и Белингем за првите 16 гола, така што во целата историја на Реал Мадрид има само еден играч пред Шукер и Белингем – Кристијано Роналдо.

За 16 гола му требаше еден натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…