Дома Фудбал Англија Белингам блеска во Реал Мадрид, а неговиот брат ја воодушевува Англија!

Белингам блеска во Реал Мадрид, а неговиот брат ја воодушевува Англија!

Џуд Белингам продолжи со фантастичната форма во Реал Мадрид, но полека јавноста го запознава и неговиот брат Џоб.

Две години помладиот Џоб моментално игра за Сандерленд во Чемпионшип. Белингaм Јуниор оваа сезона настапи на сите 11 натпревари за својата екипа во втората лига на англискиот фудбал, а по победата над Вотфорд, менаџерот на Сандерленд, Тони Мовреј беше полн со пофалби за младиот играч од средниот ред.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тој е многу зрел за своите години. Се однесува како искусен професионалец и ги исполнува сите стандарди. Дури и на тренинг секогаш сака да победува. Џоб не е во тимот поради неговото име, тој е со нас поради неговата исклучителна фудбалска способност, а неговиот атлетизам и техника воодушевуваат“, изјави Мовреј.

Во текот на летото, Џоб се пресели од јуниорскиот тим на Бирмингем Сити, каде и тој и неговиот постар брат ја започнаа својата професионална кариера. Заминувањето од Бирмингем во Сандерленд би можело да биде важен прв чекор за Џоб, кој сака да создаде независна кариера без влијанието на неговиот славен брат.

Мовбреј откри дека Џоб се обидува да избегне споредби со Џуд: „Тој не сака да го споредуваат со неговиот брат, но имаме тренери овде кои работеа со Џуд кога тој имаше 17, 18 години. Тие можат многу добро да ја проценат неговата вистинска вредност“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…