Дома Трансфер зона Бекам спремен да направи дрим-тим: Сака три ѕвезди од Европа!

Бекам спремен да направи дрим-тим: Сака три ѕвезди од Европа!

Новиот клуб во МЛС лигата, Интер Мајами кој е предводен од Дејвид Бекам ќе започне да се натпреварува март во 2020 година.

Полека Интер Мајами го комплетира ростерот, засега не е познато и кој ќе биде тренер. Во медиумите се шпекулира дека Бекам размислува за Карло Анчелоти кој доколку кризата во Неапол продолжи би можел наскоро да добие отказ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тимот на Бекам во изминатиот период доведе неколку млади фудбалери од Јужна Америка, меѓутоа најавите се дека до почетокот на сезоната во МЛС клубот ќе донесе и некои ѕвезди на европскиот фудбал.

Една од првите мети на Бекам наводно е Хамес Рдродигез. Колумбиецот нема некоја добра позиција кај Зидан и би можел да се реши да го напушти клубот.

Интер Мајами се поврзува и со уште две ѕвезди во офанзивната линија. Марио Манџукиќ е непожелен во Јувентус и само го чека јануари за промена на средината и доколку Хрватот сака да игра во САД би требало да биде лесна мета за Бекам.

На радарот на фудбалската легенда и сонародникот на Хамес, Радамел Фалкао. Трансферот на Фалкао би одел потешко од оној на Манџукиќ бидејќи „Тигарот“ изминатото лето потпиша за Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …