Легендата на англискиот, но и светскиот фудбал, Дејвид Бекам потпиша договор со државата Катар вреден 230 милиони долари.
Бекам неодамна го основаше тимот Интер Мајами кој наскоро ќе ја започне својата прва сезона во американската МЛС лига, а легендарниот англиски фудбалер работи одлична работа и со Катар постигна договор вреден 230 милиони долари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа финансиска инекција сигурно ќе биде вистинска работа за новиот МЛС тим кој многу брзо би можел да биде и конкурентен во самиот врв на лигата.
„Договорот ги разби сите досоегашни спонзорски договори. Бекс и неговиот агент Дејвид Гарден прават за да го добијат најдоброто за растот на клубот“, изјавил извор за „Сан“.
Катар ќе има свое место на дресот на Интер Мајами кој сезоната ќе ја започне против Лос Анџелес на 1.март.