Дома Фудбал Бекам до Зидан: Ве молам, ве молам победете го Ливерпул (Видео)

Бекам до Зидан: Ве молам, ве молам победете го Ливерпул (Видео)

Пред вечерашното големо финале во Лигата на шампионите во Киев во кое играат Реал Мадрид и Ливерпул, Зинедин Зидан беше во друштво на својот поранешен соиграч, Дејвид Бекам.

Легендарниот фудбалер го напушти Манчестер Јунајтед и премина во Реал во 2003 година, но никогаш не го заборави дресот на „црвените ѓаволи“ и големото ривластво со Ливерпул.

Секој навивач на Јунајтед навива против „црвените“ без разлика против кого играат, така размислува и Бекам.

„Да бидете голем играч, а потоа да бидете успешни и како тренер е нешто неверојатно. Му посакувам на Зизу многу среќа во финалето. И, ве молам, ве молам победете го Ливерпул“, изјави Бекам во интервјуто кое Реал го постави на својот „YouTube“ канал.

Зидан и Бекам заедно во Реал Мадрид играа три сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…