Дома Фудбал Англија Бекам го пофали Солскјер: Врши одлична работа во Јунајтед

Бекам го пофали Солскјер: Врши одлична работа во Јунајтед

Легендата на англискиот фудбал, Дејвид Бекам го пофали својот пријател Оле Гунер Солскјер.

Бекам го пофали својот поранешен соиграч дека врши одлична работ на клупата на Манчестер Јунајтед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Видов дека го критикуваа, но кога сте тренер на Манчестер Јунајтед, секогаш ќе дојдете до точка кога луѓето ќе ве критикуваат. Без разлика дали се во прашање играчи, сопственици, менаџер, во Јунајтед сите можат да бида критикувани. Оле е долго во оваа игра и знае како да се носи со критиките“, истакна Бекам.

„Мислам дека прави одлични работи за Јунајтед и резултатите почнуваат да се покажуваат. Се надевам дека ќе продолжи така, бидејќи сите го сакаме Оле и сакаме да освојува трофеи со Јунајтед“, додаде Бекам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…