Дома Фудбал Без голови на „Енфилд“, Јунајтед останува на врвот🎥

Без голови на „Енфилд“, Јунајтед останува на врвот🎥

Големото англиско дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед заврши без победник и без голови.

Клоп и Солскјер одиграа „шаховска“ партија. Ливерпул беше тимот кој ја бараше играта, додека Манчестер Јунајтед чекаше грепка на противникот.

Меѓутоа, во второто полувреме гледавме поинаква слика, бидејќи „црвените ѓаволи“ заиграа подобро и беа поблиску до победата.

Гостите создадоа неколку шанси, а најзрелите ги имаа Фернандеш и Погба, кои не успеаа да го совладаат Алисон.

После ова реми Манчестер Јунајтед останува на врвот, но Сити има шанса да се доближи до ривалите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната во 94. минута го круниса големиот меч на Димитриевски во Елче

Столе Димитриевски ја зачува мрежата во гостинскиот триумф на Валенсија со 1-0. Македонски…