Македонскиот репрезентативец, Енис Барди поради повреда нема да може да се стави на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Лихтенштајн (8. октомври) и Германија (11. октомври) од квалификациите за Светското првенство 2023.
Фудбалерот на шпански Леванте сеуште не е залечен од повредата (заден бутен мускул) здобиена на последниот репрезентативен натпревар против Романија на Националната арена. Селекторот Благоја Милевски нема да повикува друг фудбалер како замена за повредениот Барди.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Македонската репрезентација синоќа во хотел „Хилтон“ во Скопје го имаше првиот собир. Во репрезентативната база пристигаа Адис Јаховиќ, Стефан Ашковски, Висар Муслиу, Тихомир Костадинов, Дени Илиев, Стефан Спировски, Кире Ристевски, Дамјан Шишковски и Никола Ѓорѓев. Сите останати повикани за двата натпревари денеска ќе му се приклучат на тимот.
Првиот тренинг македонската репрезентација ќе го има денеска од 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Фото: ФФМ